Момче се согласило да умре: Со насмевка тргнало во смрт, а кога ќе дознаете за кого…

Пред многу години, додека работев како волонтер во болница, запознав девојче по име Лиза, кое боледуваше од една ретка болест.
Единствена можност да оздрави беше со трансфузија да и даде крв нејзиниот петгодишен брат, кој на некој начин успеа да ја преживее истата болест, така што во неговиот организам се создале антитела кои можат да ја совладаат таа болест.
Докторот на нејзиниот помал брат му објасни каква е ситуацијата и го праша дали сака да даде крв за својата сестра. Момчето по само еден момент длабоко воздивна и рече: „Ок, подготвен сум ако тоа ја спаси Лиза“.
Додека вршеа трансфузија, лежеше во креветот покрај својата сестра и се смееше. И ние се смеевме гледајќи како на девојчето и се враќа бојата на образите.
Тогаш неговото лице пребледе и исчезна неговата насмевка. Го погледна докторот и со плашлив глс го праша: „А веднаш ли ќе почнам да умирам?“
Бидејќи беше мало, момчето погрешно го сфати докторот, мислеше дека на сестра си ќе и ја даде целата своја крв…
Тогаш научив што е храброст.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
