Македонија
8. July 2023 - 8:47

Момче на 22 години од Шпанија се удави во градскиот базен во Битола

Вчера  во СВР Битола е пријавено дека во отворениот градски базен, познат како Олимпискиот базен под Тумбе кафе во Битола се удавил шпански државјанин на возраст од 22 години.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.