Македонија
8. September 2020 - 8:13

Момче и девојка тешко повредени на Партизанска

Во сообраќајна несреќа која се случи утрово во 7 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје кај бензинската на Макпетрол, тешко се повредени девојка и момче.

Според првичните информации од местото на несреќата, возилото со кое се превезувале повредените, удтило во товарно возило и се превртело на кров. На местото веднаш пристигнала итната медицинска помош која ги транспортила повредените.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на полицискиот увид.

 

Славица Арсова