Македонија
3. јуни 2017 - 10:58

Молскавично невреме синоќа во скопски Аeродром

Поројни дождови и силни грмежи синоќа ја зафатија Македонија. УХМР ги предупреди сите граѓани за невремето кое следуваше во попладневните часови.

Невреме е најавено и за денеска во попладневните часови.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. Се очекува на места да наврнат над 35 л/м2 дожд. Во вечерните часови врнежите ќе престанат.

Утринската температурата ќе се движи од 12 до 18, а дневната температура од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.