Молдавија со закон ги ограничува популарните телевизиски станици во земјата
- Парламентот на Молдавија одобри денеска закон кој предвидува ограничувања за најпопуларните руски телевизиски канали во земјата, пренесе ТАСС.
Законот беше усвоен со поддршка од 61 од вкупно 101 пратеник од проевропските партии.
Против законот гласаа пратениците од редовите на социјалистите и комунистите. Во знак на протест, пратениците од Комунистичката партија ја напуштија парламентарната сала.
Пратеникот социјалист Владимир Батринча истакна дека законот противречи на Уставот на Молдавија,со кој се гарантира слобода на мислења и говоре, и затоа социјалистите најавија борба против законот пред други инстанци.
Претседателот Игор Додо го критикувашезаконот уште пред неговото усвојување, бидејќи смета дека наметнатите ограничувања ќе ги поткопаат односите меѓу Молдавија и Русија.
- Јас нема да го потпишам законот под никакви околности, рече тој
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора