Кошарка
27. December 2017 - 23:46

Моќна порака на македонската кошаркарска легенда – Лазар Лечиќ порачува „Не чукајте на отворена врата„

Македонската кошаркарска легенда Лазар Лечиќ, човек кого многумина со право го нарекуваат „татко на мак-баскетот“ упатува моќна порака до сите искрајни вљубеници на овој спорт, кој и не така одамна ни ги донесе најголемите радости. 
 
„Чичко Лазо“ очигледно мотивиран од последните случување во македонската кошарка, им порача на сите инволвирани, заинтересирани, на оние кои живеат за и од кошарката, да ги засукаат ракавите и да почнат да работат, а не да се препукуваат, кој помалку или кој повеќе и наштетил на македонската кошарка. 
 
Лечиќ порачува, менаџерите и клубовите да имаат повеќе верба во домашните македонски тренери и кошаркари, бидејќи само на тој начин ќе имаме силни клубови, силна репрезентација, квалитетна кошарка, која оваа земја ја заслужува и ја сака. 
 
Пораката која Лазар Лечиќ ја упати (напиша) преку својот Фејсбук профил во целост и интегрално ви ја пренесуваме: