„Мојата ќерка беше прекрасно дете, првпат проба дрога“

Петанесетгодишната Софија С. почина во Аранѓеловац, откако од локалниот дилер, 21-годишниот Никола Б. земала таблета екстаза и потоа доживеала мозочен удар.
Таткото на починатото девојче за српски Курир вели дека неговата ќерка била прекрасно дете.
-Отиде таа вечера на некоја приватна забава. Беше малолетна, а нејзините пријатели полнолетни. Повеќето од тоа друштво ги познавав, но не и Н.Б. Дојде дома и ѝ беше лошо. Веднаш ја однесовме на токсикологија, каде докторите лавовски се бореа за нејзиниот живот и на кои им должам огромна благодарност. Првпат пробала и се случило тоа што се случило... Нека ова биде предупредување до сите за вакви работи повеќе да не се случуваат - рекол таткото на малолетното девојче.
Ова за жал не е прв трагичен случај оваа година тинејџери да изгубат живот поради наркотици.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
