-->
-->
Могерини во Скопје на средба со Иванов и политичките лидери
-->

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, денеска попладне ќе пристигне во Република Македонија во рамки на нејзината мини-турнеја на Западниот Балкан.
Како што информираа од Европската комисија, во Македонија таа ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со лидерите на политичките партии застапени во македонското Собрание, како и со студентите што партиципираат во „Еразмус“ програмата.
- За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион што е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да го видам секој од нашите апртнери на Западниот Балкан како напредува на патот на реформите кон Европската унија, за да се осигури дека овој процес е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст, истакна Федерика Могерини спроти почетокот на мини-турнејата на Балканот.
Могерини во Македонија, ќе допатува од Црна Гора, а утре ќе биде во Белград, Србија, каде што ќе се сретне со претседателот Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и други политички лидери. Подоцна истиот ден, високата претставничка за надворешна политика и безбедност ќе замине за Тирана, Република Албанија, каде што ќе се сретне со претседателот Бујар Нишани, премиерот Еди Рама и претставници на парламентарните партии.
Во сабота на 4. март, Федерика Могерини ќе отпатува за Косово, каде во Приштина ќе се сретне со претседателот Хашим Тачи, со премиерот Иса Мустафа и други, а ќе го посети и реонот на Митровица.
По оваа посета на земјите од Западниот Балкан, Федерика Могерини се очекува да направи извештај за состојбата во регионот, кој потоа ќе биде разгледуван на Советот за надворешни работи на Европската унија во понеделник, а ќе биде тема и на Самитот на Европскиот совет закажан за 9. и 10. овој месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
