Могерини во Митровица: Клучниот збор е помирување
Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска во Косовска Митровица изјави дека „помирување“ е клучниот збор и дека дијалогот на највисоко ниво меѓу Белград и Приштина е фундаментално важен, пренесе Танјуг.
Могерини го посети мостот на реката Ибар, во центарот на градот, каде се изведуваат градежни работи, и се сретна со градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ.
Таа изјави дека ги посетува Митровица и, пред се, на мостот, што се обновува со помош на ЕУ.
-Мостот се претвора од симбол на поделеност во симбол на дијалог и контактите меѓу луѓето и во тоа е силата на ЕУ, да се создаде дијалог и разбирање онаму каде претходно имавме конфликти и тешкотии, подвлече Могерини.
Таа изрази надеж дека мостот ќе биде целосно отворен.
Заради посетата на Могерини, во двата дела на градот - северниот (српски) и јужниот (албански) уште од рано изутрина беа воведени засилени безбедносни мерки, а особено во близина на мостот.
Косовската полиција и силите на НАТО (КФОР) го блокираа пристапот до мостот.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер