Могерини: Во интерес на сите е да биде гарантиран мирот на Западен Балкан
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини пред своето денешно пристигнување во посета на Западен Балкан порача дека во интерес на сите е засекогаш да биде загарантиран мирот во регионот, како и напредокот за членство во Унијата.
Истовремено, таа е уверена дека ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не бидат дел од неа.
Могерини во рамки на својата „мини балканска турнеја“ денеска престојува во Подгорица, а за утре е планирана посета на Сараево и Скопје. Во петок таа ќе замине за Белград, а нејзината посета на регионот завршува в сабота со посета на Косово.
- Балканот е дел од Европа и секогаш било така. Политичките граници не можат да ја изменат постоечката географија, историска и културолошка реалност. Граѓаните на Балканот се Европејци и заслужуваат исти можности, иста заштита и права, како и останатите граѓани на овој континент. ЕУ нема да биде целосна додека регионот кој се наоѓа во самото срце на Европа не биде обединет како дел од нашата заедница, нагласи шефицата на европската дипломатија.
Ново на Сител
-
СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази
-
Реконструкции во здравствениот сектор – нов лик на ГОБ ,,8-ми Септември" и карил
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница