Могерини: Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за почеток на преговорите
Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за почнување на преговорите во периодот јуни – јули, рече високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини на денешната билатерална средба со претседателот Стево Пендаровски во Брисел.
Могерини ова, како што истакна, ќе го препорача на сите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ наредната недела. Таа на средбата уште еднаш искажа силно признание за сработеното од страна на нашата земја.
Како што беше посочено на средбата, од регионот доаѓаат и добри вести, а Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија се примери како можат тешките прашања да се затвораат со храбри одлуки.
–Република Северна Македонија е единствена во регионот која ги има затворено сите прашања со соседите, во која функционираат институциите и во која постои определба и волја и во која се работи на исполнување на реформските процеси, нагласија соговорниците.
Претседателот Пендаровски рече дека граѓаните на Република Северна Македонија, поради се што е направено и заслужено, очекуваат нашата држава да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија. Тоа, напомена, ќе биде од значење и за стабилноста на регионот.
Пендаровски ги повика лидерите на земјите-членки на Европската унија да ја зачуваат кредибилноста на проширувањето врз основа на јасни и праведни критериуми за членство, во согласност со индивидуалните заслуги и постигнувања на секоја земја од регионот.
Првата меѓународна посета на Стево Пендаровски како претседател на Република Северна Македонија е Брисел. Претпладнево, тој оствари средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет