Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Федерика Могерини утрово од Луксембург ја честиташе годишнината на Преспанскиот договор и ги повика земјите членки да донесат позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија.
-Денеска е една година од потпишувањето на Преспанскиот договор помеѓу Северна Македонија и Грција и мислам дека треба да се потсетиме на моќта на храброста и лидерството, и важните чекори кои се преземаа на Балканот. Се надевам дека земјите членки ќе се сетат и ќе оддадат признание за овие чекори, посебно во наредните денови кога важна одлука треба да се донесе за отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, одлука што треба да се донесе во најкус можен рок, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, пред почетокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург со кој таа претседава.
Могерини ќе го започне денешниот состанок со неколку збора за Преспанскиот договор и ќе им упати слични пораки на министрите на земјите членки на ЕУ утрово.
Истите тие министри утре ќе заседаваат во форматот „општи работи“ во Луксембург утре, а на дневен ред ќе биде отворањето на преговорите со Албанија и Македонија.
Ново на Сител
-
Анушиќ: Хрватска сака да стане европски лидер во производство на мали дронови
-
Израелското државно радио известува за „дожд од ракети“ од Иран
-
Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот меѓу Израел и Иран, го обвинува Макрон за лажно претставување на работите
-
Алмеида нoв тренер на Севиља
-
Босна се откажа од настап во АБА лигата
-
ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
-
Вучиќ објави дека СНС нема да одржи митинг во Белград на 28 јуни
-
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори