Свет
14. March 2016 - 22:04

Могерини: ЕУ подготвува санкции за оние што го блокираат политичкиот процес во Либија

ЕУ ќе започне подготовка за воведување санкции кон сите оние што го блокираат политичкиот процес во Либија, изјави вечерва високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во Брисел.

Либискиот претседателски совет, во кој членуваат претставници на двете ривалски влади на Либија, во саботата објави дека стапува во сили одлуката за именување на членовите на новата Влада на национално единство.

Застојот во формирањето на Владата настана поради тоа што нејзиното именување се уште не е одборено од меѓународно признатиот Парламент на Либија, кој заседава во Тобрук. Овој Парламент, во кој доминираат умерените политичари, од минатиот месец во неколку наврати не успеа да ја одржи седницата за избор на Владата, поради немање кворум.

Од друга страна, ривалскиот Парламент, кој заседава во Триполи и во кој доминираат исламиситите, веќе го одбри изборот на новата Влада на национално единство.