"Моето бебе умираше во ужасни болки" - потресна исповест на мајка чие дете умрело поради лекарска грешка
Карли Велс била со својата четиригодишна ќеркичка фреја кога таа починала. Аутопсијата потоа покажала дека малото девојченце починало поради лекарска грешка.
Оваа мајка си ја отвара душата и низ болка и тага раскажува што се случило во болницата. Нејзината ќерка имала три дена проблеми со повраќање, па откако ја однеле во болница, докторот се однесувал како да не станува збор за ништо сериозно. На мајката не и ни кажале кој е проблемот и што се случува со нејзината ќерка.
- Бев премногу загрижена. Едвај дишеше и целата се тресеше, низ солзи се присетува мајката.
Иако на девојчето не му било подобро ни откако почнало да прима лекови, докторите сепак велеле дека не е ништо сериозно и дека нема место за паника.
- Состојбата се влошуваше. Докторите не ни беа загрижени и ништо не правеа. Моето девојче умираше во ужасни болки, додава мајката.
На крајот, пред да заврши животот на девојчето, мајката ја бакнала својата ќерка и и рекла "Чао бебенце". Кога таа заминала на другиот свет, се распаднал и животот на несреќната Карли. Таа сега ја тужи болницата, а судењата се во тек.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден