Модриќ: Никој ништо не ми подарил, сè е постигнато со многу труд

Оваа година е одлична за Лука Модриќ. Тој беше прогласен за најдобар играч на УЕФА, ја доби наградата на ФИФА за „Најдобар“ и ја освои „Златната топка“ на „Франс Фудбал“. На тимско ниво, халфот на Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите (за трета година по ред) и ја поведе Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија (загуби од Франција со 2:4).
– Патот беше долг и тежок, но токму затоа сум многу среќен со она што се случи. Сите признанија – „Најдобар играч“ на ФИФА и „Златна топка“, имаат поголема вредност кога знаеш дека никој ништо не ти подарил. На мене ништо никој не ми подарил, сè е постигнато со многу труд, изјави Модриќ пред „ЏиКју“, чие лице ќе се најде на следната насловна страница на американското списание.
Тој додаде дека му е мило што конечно луѓето признале што постигнал во текот на целата кариера.
– Иако навистина освоив многу работи, „Златната топка“ е нешто што не сум ни замислувал. За мене фудбалот не е само голови, голови, голови, заклучи 33-годишниот фудбалер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
