МОДЕРНИ РОБОВИ: Работат за 500 евра, седум дена во неделата, по 16 часа!
Хрватска моментално се соочува со еден голем проблем, а тоа висока невработеност и млади кои се почесто си одат да најдат работа во границите на Европската Унија, а не на Јадранот. Места за нив постојат, но тие едноставно сакаат да работат во некоја друга држава!
Кога Хрватска влезе во ЕУ, сите граѓани имаа поголема понуда која се однесувала на пазарот низ европската заедница. Меѓутоа, основната причина поради која Хрватите бегаат од работа на Јадранот е експлоатацијата.
Тие работат седум дена во неделата, по 16 часа на ден, за плата од 540 евра.
Лошите услови им сметаат на сите работници, меѓутоа, за нив не се зборува многу затоа што ако се пожалат, обично добиваат отказ. Не постои контрола, нема синдикати, работодавците не почитуваат закони и ги искористуваат сезонските работници.
- По правило, само големите имаат донекаде адекватно сместување, додека останатите под секое ниво. Повеќето сезонци мораат да им надохнадуваат на работодавците за сместувањето и храната, вели Едуард Андриќ, претседател на Синдикатот за туризам и услуга во Хрватска.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена