Мобилни оператори во Германија сеуште ќе наплаќаат роаминг

Дел од германските мобилни оператори нема да ја почитуваат европската регулатива според која од денеска сите мобилни претплатници во ЕУ ќе можат да зборуваат без роаминг додека се на територија на Унијата.
И покрај најавата на германската Федерална агенција за мобилни мрежи дека ќе врши мониторинг на спроведувањето на мерката на Европската комисија некои оператори ќе наплатуваат за роаминг.
Според организацијата на потрошувачите Штифтунг Варентест 9 од 16 мобилни оператори во Германија ќе продолжат да наплатуваат екстра трошоци.
Најголем дел од нив имаат потпишано договори за користење на мобилни и интернет услуги само на германска територија што им дава да право да наплатуваат огромни суми за роаминг разговори и интернет, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Според весникот „Ханделсблат“ големите мобилни оператори сеуште не знаат дали ќе ги зголемат цените на своите услуги за да ги надоместат штетите од укинувањето на роамингот кој носеше огромен профит за компаниите.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
