Мобилна апликација за полициско постапување за време на избори
Во Центарот за обука на МВР денеска беше промовирана мобилна апликација за полициското постапување за време на претстојните претседателски избори.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека апликацијата се однесува на постапувањето и овластувањата на полициските службеници за време на изборниот процес, а е изработена во соработка со ОБСЕ.
-Ова се модерни технолошки апликации кои мора да ги следиме заради тоа што напредокот и трендот на иновација следи во континуираната обука на полициските службеници, рече Спасовски.
Шефот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која на промоцијата истакна дека едукацијата на полицијата вклучувајќи го и учењето преку модерна е-платформа е од клучно значење и треба да овозможи исполнување на потребите на модерната полициска служба.
-Предностите на е-учењето овозможуваат намалување на трошоците за обука, флексибилност, ефикасност и намалување на времето за обуки. Денеска промовираме мобилна апликација која треба да им помогне на полициските службеници за спроведување на нивната важна улога во обезбедување ред и стабилност за време на изборите. Мобилната апликација која првпат беше употребена за време на минатогодишниот референдум им овозможува на полициските службеници пристап до законската регулатива која можат веднаш да ја симна на своите паметни телефони, рече Која.
Мобилната апликација е достапна на веб-страницата на МВР, а може да ја симнат и граѓаните.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи