МО: Војниците од превртениот автобус со полесни повреди
Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип, информираме дека се работи за автобус кој превезува припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш- Штип- Петровец.
Во сообраќајната незгода која според нашите и информациите од МВР се случила во 06.47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 шеснаесет) припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба.
Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција. Припадниците на Армијата по извршените прегледи ќе постапуваат согласно со дадените препораки од лекарите. Автобусот од типот “Сетра” во сопственост на фирмата “Тритерол” од Струмица која го реализира организираниот транспорт на наведената релација, има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници.
Ново на Сител
-
Облачно и студено, во текот на ноќта со врнежи од снег
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште