МО: Позитивни оценки од ЕК за вклученоста на државата во заедничката безбедносна и одбранбена политика
Министерството за одбрана информира дека Европската Комисија во објавениот извештај за Северна Македонија за 2023 година, во поглавјето 31 посветено на надворешната, безбедносна и одбранбена политика нотирала добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со надворешната и безбедносната политика на Унијата.
-Во однос на заедничката безбедносна и одбранбена политика, земјата продолжи активно да придонесува во операциите на ЕУ за кризен менаџмент, во ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина, во мисијата во Централноафриканската Република и во борбената група на ЕУ HELBROC. Северна Македонија е дел и од Балканските медицински наменски сили, се вели во извештајот.
Извештајот го нотирал и придонесот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР на Косово, НАТО мисијата во Ирак и мултинационалните сили на Алијансата, под капата на т.н. Зајакнато истурено присуство во источното крило на НАТО.
Дополнително, во него се укажало на фактот дека Северна Македонија го комплетираше истражувањето на ЕУ за ризици од хибридни закани кој цели да ги идентификува системските слабости и да овозможи ефикасна поддршка од страна на Унијата во оваа област.
Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на Унијата, а пример за тоа е усогласеноста со пакетот на рестриктивни мерки од ЕУ за Русија, по почетокот на руската агресија врз Украина.
Како позитивен пример Унијата го посочила и приоретизирањето на заштитата на човековите права, климата, справувањето со насилниот екстремизам и имплементацијата на резолуциите за жени, мир и безбедност кои ја промовираат улогата на жените и ја засилуваат улогата на младите во општеството.
-Вториот Национален план за имплементација на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН 1325 е мониториран од работна група која го објави својот втор извештај во април 2023 година, се наведува во извештајот.
Ново на Сител
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница