МО почна со исплата на јубилејната награда на вработените
Министерството за одбрана ќе им исплати јубилејна награда на 1.800 вработени во МО и АРМ кои согласно Колективниот договор ги исполнуваат условите за тоа.
Од Министерството за одбрана информираат дека исплатата е започната, а ќе биде завршена кон сите во период од триесетина дена.
Потенцираат дека со ваквата одлука вработените ќе го остварат своето право согласно Колективниот договор, без потреба да се покренуваат судски постапки и ќе се спречи дополнителна штета на буџетот на МО.
Со Колективниот договор Министерството презело обврска на вработените во МО и АРМ за непрекината работа во ефективно траење од 15 години да им се доделува јубилејна награда во висина на една просечна плата, но таа обврска не била исполнета и парите не биле исплатувани.
Тоа било причина 700 вработени што ги исполнуваат условите за добивање на јубилејна награда, да го тужат Министерството, а за околу 200 тужби е пресудено во корист на тужителите.
Според Министерството, со одлуката покрај исполнување на обврската, се спречува и натамошно трошење пари од буџетот за судски трошоци и трошоци на адвокатите и извршителите кои изнесуваат околу 30.000 денари по предмет.
Ново на Сител
-
Директори на две беровски училишта злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на училиштата за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов
-
ЕУ воведува царини за САД
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници