МО го отпушти Петар Богојески, на Фејсбук споделил вест за руското влијание кај нас
Mинистерството за одбрана (МО) му дало отказ на државниот советник Петар Богојески, по покрената дисциплинска постапка против него, поради споделен линк од портал на фан-страница, а во врска со руско влијание во македонско-бугарскиот спор и во редовите на МПЦ-ОА, пренесува „Дојче веле“.
„Информиран сум за изречена мерка – отказ, по дисциплински престап. Во текот на вчерашниот ден имало обид за достава на таа одлука на неовластена адреса, а секако и до мене, но поради отсуство од работа, не е доставена. Ова е школски пример за прогон од власта кон неистомисленици, особено обид да се замолчи опозицијата со недозволени, недемократски средства“ изјави Богојески.
Тој вели дека против него се воделе повеќе нарачани дисциплински постапки, со цел да биде замолчен како опозициски активист, лидер на „Македонски концепт“.
Отказот бил последниот чин, откако претходно со друга постапка бил распореден на пониска работна позиција. Имено, во февруари годинава, му била изречена дисциплинска мерка – распоредување на работно место во непосредно пониско ниво, заради однесување спротивно на одредбите на Кодексот од Законот за административни службеници. Причината, исто така, била личен политички коментар на Богојески на Фејсбук, во однос на Израел и Палестина, а постапката била покрената по пријава од надворешен субјект.
Ново на Сител
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
-
Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
-
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
-
Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок
-
Скопје и денеска најзагаден град во Европа
-
Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин