МНТ со „Електра“ победник на фестивалот „ФИАТ“ во Црна Гора
Македонскиот народен театар (МНТ) со претставите „Електра“ во режија на Андриј Жолдак и „Столови“ на младиот режисер Дамјан Читкушев учествуваше на 30. издание на фестивалот за интернационален алтернативен театар „ФИАТ“ во Подгорица.
МНТ освои четири, а претставата „Електра“ три награди. „Електра“ е прогласена за најдобра претстава, доби награда за најдобра режија, а Дарја Ризова за главна женска улога.
- „Електра“ ги обединува сите продукциски потфати, дисциплинирана, точна и истовремено емотивна глума, естетска заокруженост и доследно спроведување на режисерската визија. Тоа претставува ново толкување на митот за Електра, вклопено во современиот свет и проблемите во него, информира МНТ.
За режисерската визија на Жолдак се наведува дека во себе ги спојува врвните филмски и театарски естетики. Во неа се препознаваат уметноста на великанот, теориската промисленост и неговата уникатна поетика.
- Дарја Ризова е Електра на 21 век, која давајќи ги од себе сите физички и актерски средства донесе сугестивно, вдахновено, точно и потполно поинакво толкување на Електра. Нејзината Електра содржи нереална интелигенција која ја покажува денешницата, се вели во соопштението од МНТ.
Специјалната награда за иновативен концепт ја доби нашиот режисер Дамјан Читкушев за претставата „Столови“ од Ежен Јонеско.
- Читкушев демонстрираше автентичен режисерски ракопис, препознатлив во секој сегмент во претставата, со врвна естетика и одлична игра на актерите, кој доследно ја спроведе својата поетска визија, информира МНТ.
Ново на Сител
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто