Македонија
4. јуни 2022 - 10:43

МНР со осуда: Намерно е запален влезот на клубот „Ванчо Михајлов“

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија експресно го осудуди актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.

-Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина. Ова кривично дело неслучајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија, велат од МНР.

Додаваат дека надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.