Loading Video...
Свет
15. May 2021 - 16:33

МНР препорачува да не се патува во Израел, САД се вклучува во посредничка мисија

Македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ Израел. Повикот на македонското МНР е поради екслаирање на конфликот Израел-Газа. Шестти ден  по ред летаат  ракети од двете страни, додека американските и арапските дипломати се обидуваат да најдат начин да го запрат насилството , во кое бројот на цивилни жртви  секој ден се зголемува. .  Според здравствените   власти во Газа утрово во еден од   израелските  напади загинале 12 лица, меѓу кои е една жена и три деца , додека  едно петмесечно бебе е спасено од под урантините.

Зошто го убивте? Тие убиваат и нема никој кој ќе ги натера да одговорат за тоа, целиот свет гледа. Не е важно ако убијат дете или жена, нема никој да ги повика на одговорност. Затоа не е важно дали ќе убијат дете вели  вујко на убиено дете во Газа

Една од метите на изарелските напади беше и кулата Ал Шарук во Газа  а нападот беше фатен додека новинар известуваше во живо  .

Во повеќе градови на југот на Изарел утрово се огласија сирени, предупредувајќи на  ракетите истрелни од милитнатите на  палестинското радикланото движење Хамас, под чија контрола е појасот Газа.  Погодени беа  неколку станбени згради , но извештаи за жртви немаше.

Израелската војска  вели дека  постигнува успех  во уништување на цели на Хамас  а одбданбениот систем Железна купола пресретнува повекето од палсетинските ракети. Според последната изјвата на израелскиот премир нападите против Хамас ќе продолжат.