МНР: Нема повредени македонски државјани во терористичкиот напад во Лондон
Нема повредени македонски државјани во синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој загинаа седум лица, а 48 се повредени, потврдува Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
МНР го осудува синоќешниот терористички напад во Лондон и информира дека е во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во Лондон, која стапила во контакт со Метрополитен полис.
За прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Лондон, МНР инфомира дека заинтересираните може да се обратат во Амбасадата на Република Македонија во Лондон и во Министерството за надворешни работи.
Амбасадата на Република Македонија во Лондон
Контакт-телефон: 00442079760535
Електронска адреса на Амбасадата: london@mfa.gov.mк и sek.
Министерството за надворешни работи
Лице за информирање на јавноста - Силвана Ивановска
Контакт-телефон: 00389 72 239052
Електронска адреса: silvana.ivanovska.@mfa.gov.mk
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза