МНР на Бугарија: Ова е недопустлив однос кон народот на Бугарија и бугарската држава
За жал, прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев не придонесе за надградување на билатералните односи меѓу Софија и Скопје, реагира МНР на Бугарија.
„Со длабоко жалење констатираме дека 4 февруари 2023 година ќе влезе во историјата како датум на кој властите во Северна Македонија, од крајно неубедливи причини и кршејќи ги претходно дадените гаранции, не дозволија одавање почит на животот и делото на Делчев на бугарските државјани. Министерството за надворешни работи го дефинира актуелниот однос на владетелите во Северна Македонија како понижувачки и неприфатлив кон бугарскиот народ и кон Република Бугарија“, стои во соопштението.
Од бугарското МНР велат дека ваквите акции се неисполнување на заложбата да се обезбеди непречен пристап до сите добронамерни граѓани кои сакаат да му оддадат почит на споменот на големиот револуционер.
„Ова, заедно со неподготвеноста да положат венци од страна на делегациите на Бугарија и Северна Македонија, претставува отстапување од воспоставените добри практики и ги нагризува напорите на Република Бугарија насочени кон зајакнување на добрососедството. Денешните постапки на властите во Северна Македонија нанесоа сериозна штета на процесот на враќање на довербата и покрај напорите на премиерот Галаб Донев, кој во тешка ситуација иницираше процес на деескалација и на вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој токму за оваа цел го посети Скопје на 30 јануари годинава, како и неговата денешна посета“, велат од таму.
Ново на Сител
-
Буџетот на Србија во дефицит од 665 милиони евра
-
Си: Белорусија е вистински пријател на Кина
-
Соработката меѓу македонската и грчката полиција во фокусот на средбата Малиос – Јанев во Атина
-
Приведен 65-годишен скопјанец за поседување пиротехника без документација
-
Во Кисела Вода почна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2
-
Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба
-
Димитриеска-Кочоска - Славески: Ефикасна координција меѓу монетарната и фискалната политика за макроекономска стабилност
-
Андоновски: До 2035 година Македонија целосно дигитализирана