МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништа
Министерството за надворешни работи попладнево информира дека во нашите дипломатско-конзуларни претставништва има доволно патни листови со кои граѓаните можат да се вратат во земјава и дека тие ќе се издаваат без да се наплаќа конзуларна такса.
Во информацијата испратена до медиумите, МНР соопштува дека се олеснува и доставата на патниот лист, односно дека тој може да биде доставен и преку брза пошта.
Досега во Министерството и во дипломатско-конзуларните претставништва ниту еден граѓанин не пријавил проблеми при патување со патните листови или со друг вид на документи со Република Северна Македонија.
- Воедно, информираме дека до овој момент ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.
Патниот лист им е потребен на сите оние граѓани кои останаа во странство поради тоа што нивните патни документи станаа неважечки по 12 февруари.
Ново на Сител
-
Избори во САД: Трамп во водство
-
Премиерот Мицкоски во посета на МАСИТ
-
САД/Избори: Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154
-
Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант