МНР ги отфрла информациите на руското министерство за надворешни работи
Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла наводите и квалификациите изнесени во коментарот на Департманот за информирање на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација од 22 октомври 2018 година, во врска со изгласување на предлогот за пристапување кон измени на Уставот во Собранието на Република Македонија.
– Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги смета наводите во коментарот како целосно неосновани и невистинити, изнесени со јасна тенденција да се компромитира политичкиот процес од историско значење за Република Македонија и за сите нејзини граѓани. Пратениците во Собранието на Република Македонија, со целосно почитување на сите демократски принципи и предвидената парламентарна процедура, донесоа одлука која ги рефлектира децениските заложби на Република Македонија за членство во НАТО и во Европската унија, како стратешки приоритети за кои постои најширок можен општествен консензус, а што добро им е познато и на нашите руски пријатели, стои во денешното соопштение од МНР.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, стои во соопштението, потенцира дека, останувајќи посветена на евро-атлантската интеграција, Република Македонија и во иднина ќе се залага за развивање и унапредување на односите и со Руската Федерација, врз основа на традицоналното пријателство на нашите народи, како и меѓусебното почитување и уважување на правото на самостоен и слободен избор на сопствената иднина.
Ново на Сител
-
Истече дисквалификацијата на Синер
-
Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица кои имаат дијабет тип 1
-
Минатата недела казнети 114 возачи кои непрописно ги паркирале возилата во општина Центар
-
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Сиљановска-Давкова: Имаме должност да го сакаме, чуваме, развиваме и промовираме македонскиот јазик
-
Штрајк на Медицинскиот факултет во Белград, тензично пред Медицински во Ниш
-
Десет мртви и 70 повредени откако невреме преврте туристички чамци во Кина