МНР: Договорот од Преспа суштински придонесува кон регионалната соработка
Македонското Министерство за надворешни работи денеска објави реакција на коментарот на руското МНР во врска со усвојувањето на уставните измени, што произлегуваат од Договорот од Преспа, напоменувајќи дека овој Договор не само што не задира во интереси на трети страни, туку суштински придонесува за регионалната стабилност.
-Договорот од Преспа не само што не задира во интересите на трети страни, туку суштински придонесува кон регионалната стабилност, пријателство и соработка и како таков претставува пример и модел за решавање на отворени прашања меѓу државите, се наведува во реакцијата на македонското МНР.
Македонското министерство, реагирајќи на коментарот на Департманот за информирање на руското МНР, објавен вчера, со жалење констатира дека „и покрај толку горливи проблеми во денешниот свет руската страна повторно во негативен контекст, апострофира автентични политички процеси во две соседни земји, кои водат кон решавање на проблеми, зацврстување доверба и градење пријателство“.
-Измените на Уставот согласно Договорот од Преспа, усвоени во Собранието со целосно почитување на предвидената собраниска процедура и Уставот на Република Македонија, кои ја рефлектираат консензуалната определба на граѓаните на Република Македонија за членство во НАТО и во Европската унија добија неподелена поддршка од пошироката меѓународна заедница, како чин на политичка храброст, одговорност и лидерство, со кој се решава долгогодишен билатерален проблем што ги оптоваруваше односите меѓу Република Македонија и Грција, се додава во реакцијата.
Министерството изразува увереност дека иднината ќе ја потврди исправноста на овој пристап, кој претпочита политичко визионерство и лидерство, како и дека придобивките за регионалната стабилност и просперитет ќе бидат прифатени и валоризирани од сите страни, вклучително и од пријателската Руска Федерација.
Официјална Москва смета дека прашањето за преименувањето на Република Македонија, кое помина со усвојувањето на измените на Уставот во македонскиот Парламент, треба да се најде на разгледување пред Советот за безбедност на ОН.
-Ставот на Руската Федерација во врска со проблемот за името на македонската држава останува непроменет – одржливо решение мора да биде најдено без надворешен притисок, наметнување рокови и услови од надвор и врз основа на широка јавна поддршка и во Република Македонија и во Грција и исклучително во рамки на законот. Ние сметаме дека ова прашање би требало да биде разгледано од Советот за безбедност на ОН согласно параграфот 3 од Резолуцијата 845 на СБ на ОН, стои во соопштението од руското МНР.
Ново на Сител
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција