Многу ќе ми недостасува: Овој човек 27 години живее на аеродром, сега мора да го напушти
Турчинот Бајрам Тепели веќе 27 години живее на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, но по Нова година ќе мора да го напушти, оти тој ќе престане да функционира и ќе биде заменет од новоизградениот, трет аеродром во овој турски мегалополис.
Приказната на Тепели е слична на онаа на Иранецот, Мехран Карими Насери, кој мина 18 години на аеродромот „Шарл де Гол” во Париз и беше инспирација за филмот на Стивен Спилберг од 2004 година – „Терминал” со Том Хенкс.
– Многу сум тажен што го затвораат „Ататурк“. Мене ова ми е дом, многу ќе ми недостасува – истакна Тепели.
Кога имал 27 години, тој ја напуштил родната Бурса и во Истанбул нашол работа како чистач, па бил испратен на аеродромот. По извесно време, Тепели требало да ја напушти работата, но останал на аеродромот. Благодарение на луѓето, тој никогаш не гладувал и никогаш не бил сам.
Важи за пријателски настроен човек, како меѓу вработените на истанбулскиот аеродром, така и меѓу патниците.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба