-->
-->
Мнангагва се врати во Зимбабве, апсења во опкружувањето на претседателот Мугабе
-->
Поранешниот вицепремиер на Зимбабве Емерсон Мнангагва се вратил во државата, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори блиски до него.
– Да тој се врати вчера, изјави извор близок до Мнангагва и поврзан со армијата која го држи Мугабе во домашен притвор.
Мнангагва избега од Зимбабве по отстранувањето од функцијата на 6 ноември, но вети дека ќе ја оспори власта на Мугабе и неговата сопруга Грејс.
Армијата која го контролира Хараре соопшти денеска дека уапсила неколку луѓе блиски до претседателот Мугабе во операцијата за „чистење“ на редовите на владејачката партија Африкански национален сојуз на Зимбабве, Патриотски фронт ЗАНУ-ПФ.
– Приведовме неколку криминалци додека некои се уште се на слобода. Во моментот преговараме со Мугабе за следната етапа и ќе ве информираме благовремено за исходот од разговорите. Ја повикуваме нацијата да го задржи мирот додека трае нашата операцијата, соопштија од армијата.
Мугабе вчера во разговор со командантот на ГШ на армијата Константино Чивенга рече дека не сака да се повелече од функцијата.
Раководителите на ЗАНУ-ПФ денеска ќе имаат состанок на кој ќе подготват Резолуција за отстранување на Мугабе од лидерската позиција викендов и за импичмент следната недела ако тој доброволно не се повлече, изјави висок извор од партијата.
– Нема назад. Ако се спротивставува, ќе организираме негово отстранување в недела, а во вторник ќе има импичмент, додаде тој
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неготино: Маж ја натепал својата сопруга, и извадил и нож
-
ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата
-
Скопјанка ја каснало куче скитник, при што паднала и се повредила
-
Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена
-
МВР: Кривични пријави за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”
-
Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
-
Уставен одлучи да поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците
-
Иљази исплаќала пари на лица што не работеле на Токсикологија - поднесено обвинение