ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон.
На средбата, информираат од Кабинетот на Славески, беше нагласено дека Народната банка активно придонесува кон иницијативата на ММФ за проширување на СДДС плус стандардот. Во таа насока, од јануари 2026 година започна редовна дисеминација на дополнителен индикатор, кој се однесува на показателот за нето-отворена девизна позиција во однос на капиталот, на Националната страница за стандардни податоци (NSDP).
Значаен напредок е постигнат и во областа на финансиските сметки, со објавување на кварталните податоци за трансакции. Со тоа, Народната банка целосно ги имплементира препораките на ММФ, во однос на опфатот на податоците, со што се постигна усогласување со најновите меѓународни стандарди во оваа област.
Во доменот на екстерните статистики се преземаат активности за натамошно подобрување на квалитетот и деталноста на податоците. Во овој контекст, се реализира и проектот за воспоставување единствен склад на статистички податоци, финансиран од Европската комисија преку ИПА 2021.
Во доменот на монетарната статистика, продолжуваат активностите за воспоставување интегриран систем за известување за статистички и супервизорски потреби. Подзаконските акти донесени во 2025 и 2026 година воспоставуваат сеопфатна рамка за усогласено известување од банките и штедилниците, при што новиот систем ќе започне со примена од септември 2026 година, а известувачите веќе активно го тестираат.
Соговорниците ја истакнаа важноста на досегашната соработка и изразија подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, со фокус на унапредување на статистичките практики и усогласувањето со меѓународните стандарди.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
