Младите вакцинирани Грци ќе добијат ваучер од 150 евра за патувања, одмор или забава

Грците на возраст од 18 до 25 години, кои веќе се вакцинирале или ќе се вакцинираат во текот на годинава ќе добијат ваучер „Freedom pass“ односно електронска припејд карта што ќе можат да ја користат за туристички или културни активности , јави дописничката на МИА од Атина.
Ваучерот се однесува на околу 940.000 млади, кои ќе можат да го искористат за патувања во Грција, односно да купат билети за авион, брод или воз, да си ги покријат трошоците за сместување или, пак, да посетат културни настани, да следат кино проекции, театарски претстави, концерти итн.
Мерката ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој рече дека „дојде време државата да ги награди напорите на конкретната категорија граѓани“ и истакна дека конкретната електронска припејд карта ќе биде и мотив за вакцинација.
Со примање на првата доза од вакцината, младите од 18 до 25 години, преку интернет апликација ќе го добијат „Freedom pass“ со 150 евра, а изност ќе можат да го користат само за конкретните активности.
Ново на Сител
-

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро
-

Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
-

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш
-

СП 2026: Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива
-

Руте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
-

ИНСТАТ: Значително намален интересот за добивање албанско државјанство во 2025 година
-

Ауди ја престави третата генерација на Q7
-

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500
