-->
-->
Младите Руси повторно извисија Британците се пласираа во А дивизијата
-->
Младата кошаркарска репрезентација на Велика Британија заедно со селекциите на Хрватска и Романија обезбедија пласман во поквалитетната А дивизија на Евроскиот шампионат за играчи до 20 години.
Британците во мечот за 3.место ја убедливо ја победија селекцијата на Русија со 81-65 со што го освои третото место во Б дивизијата на првенството што се одржа во Ородеа, Романија. Покрај Британците пласман во А дивизијата догодина обезбедија и Романците и Хрватите кои играа во финалето кое го добија домаќините со 80-67.
На ова првенство во Романија, настапи и младата македонска репрезентација која заврши на 13.место во конкуренција на 21 репрезентација. Така црвено-жолтите и догодина ќе играат во Б дивизијата, во која од А дивизијата се селат Летонија, Чешка и Словенија трите последно пласирани репрезентации од поквалитетната конкуренција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар