Македонија
17. March 2018 - 16:25

Младите не сакаат да дават крв -денеска е ден на крводарителите во Македонија

37 годишниот Филип Милев од Скопје од 2009 та е редовен крводарител. Досега 20 пати дарувал крв. Вработен е во ЈСП Скопје, а себе вели дека е еден од мотиваторите меѓу колегите, со цел да убеди што е можно повеќе од нив, бидејќи секоја дарувана единица крв е добредојдена.

Црвениот крст на РМ денеска одбележува 73 години од своето постоење. Од пред 5 години е отворен дневниот центар за дарување на крв во Скопје, кој што бележи од 5 до 15 крводарители на дневна основа. Целта е да се зголеми бројот на помладите лица кои ќе даруваат крв.

Денеска во дневниот центар за дарување крв имаше и три млади лица. Едното од нив за прв пат се приклучи на семејството на кводарители.

На целата територија на РМ, годишно се одвиваат околу 365 акции на дарување на крв, а годишно се бележат околу 17.000 крводарители.