-->
-->
Младите кик-боксери со три медали од ЕП
-->
Македонските репрезентативци во кик бокс, кои учествуваат на Европското јуниорско првенство во Сан Себастијан, Шпанија обезбедија три медалa. Хадис Рамадани, Бобан Илиоски и Марија Божиновска во четврток ќе се борат за пласман во финалето во своите категории.
Хадис Рамадани, во категоријата до 67 килограми, во лоу кик, го победи Стефано Цанчели со 2:1.
Бобан Илиоски, во лоу кик, категорија до 71 килограм забележа победа над Наџад Пивнев од Русија со 3:0.
Најубедлива беше Марија Божиновска која за пласман во полуфиналето, во кик лај во категоријата над 70 килограми ја победи Карен Галач од Хрватска.
Во полуфиналето Рамадани ќе се бори против Дамиен Пискореш од Полска, Илиоски за противник ќе го има Данило Ракитиќ од Србија, а Божиновска ќе се бори против Марија Липка од Полска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација