-->
-->
Младите кик-боксери со три медали од ЕП
-->
Македонските репрезентативци во кик бокс, кои учествуваат на Европското јуниорско првенство во Сан Себастијан, Шпанија обезбедија три медалa. Хадис Рамадани, Бобан Илиоски и Марија Божиновска во четврток ќе се борат за пласман во финалето во своите категории.Хадис Рамадани, во категоријата до 67 килограми, во лоу кик, го победи Стефано Цанчели со 2:1.
Бобан Илиоски, во лоу кик, категорија до 71 килограм забележа победа над Наџад Пивнев од Русија со 3:0.
Најубедлива беше Марија Божиновска која за пласман во полуфиналето, во кик лај во категоријата над 70 килограми ја победи Карен Галач од Хрватска.
Во полуфиналето Рамадани ќе се бори против Дамиен Пискореш од Полска, Илиоски за противник ќе го има Данило Ракитиќ од Србија, а Божиновска ќе се бори против Марија Липка од Полска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
