Младински едукативен камп за заштита на младите од сексуално преносливи болести

Клубот на млади при ОО на Црвен крст Кочани во периодот од 22 до 24 август во месноста „Кај дабот“ во село Бели организира младински едукативен камп.
Темите кои што се обработуваат на кампот се СИДА и сексуално преносливите болести, како и педофилија, насилство и трговија со луѓе.
Целта на организирање на кампот е едукација на младите луѓе во врска со споменатите теми земајќи го предвид фактот дека младите малку знаат за начините на заштита од сексуално преносливите болести како и за заштита од педофилство и насилство.
- Самите теми се поттикнати од општеството дека мал број луѓе се запознаени со начинот на заштита од сексуално преносливите болести, па со ваквите предавања делуваме едукативно на волонтерите од другите општински организации и тие знаења да ги пренесат на своите врсници во своите општини. Главна цел на кампот е и градење на вештини и практики за истото тоа да го применат подоцна во својот живот, како и размена на искуства помеѓу волонтерите како и дружбата меѓу нив, истакна Илија Матеничарски, клуб на млади на ОО Црвен крст Кочани.
Присутни на кампот се претставници од клубовите на млади од осум општински организации од исто толку градови од Р. Македонија. Предавањата ги држат обучени врснички едукатори, а има ангажирано и лица од МВР кои повеќе се осврнуваат на делот околу едукација против насилство и педофилијата.
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
