Македонија
13. November 2019 - 15:30

Млади доктори и сестри почнаа со шестмесечната платена работа

 

43 медицински сестри и 7 доктори почнуваат со работа во Здравствен дом Скопје. Ќе имаат шестмесечна платена работа и на терен ќе одат со ментори за да стекнат искуство и знаење.

Министерот за здравство вели дека со тоа го зајакнуваат системот, а на младиот кадар им нудат можност да продолжат со работа во државата и да не одат во странство.

За лекарите оваа шестмесечна платена работа е и задолжителен услов за запишување на специјализација согласно законските измени.

Освен во Скопје, уште 84 млади лекари и сестри почнаа со работа низ здравствените установи во земјата и тоа во вакцинални пунктови и патронажни служби.

Сања Димитровска