Младенците се разделиле, но сватовите ја продолжиле свадбата

Младенци од реонот на косовскиот град Призрен се разделиле пред самиот почеток на свадбената прослава во еден угостителски објект, но тоа сепак не ги спречило сватовите да продолжат со веселбата.
- Една свадба во регионот на косовскиот град Призрен, заврши речиси не почната. Млада брачна двојка се раздели на самиот ден на свадбата, во мигот пред да влезат во салата за прослави, која беше преполна со гости во очекување на младенците, објави порталот Албеу.
Според истиот извор, гостите ги очекувале младенците да влезат во салата, кога пејачот ги известил дека тие се разделиле, но и веднаш ги прашал сватовите дали сакаат да проджат со веселбата или не.
- Почитувани гости,младенците се разелија, но вие сакате да продолжиме ли не?, прашал пејачот.
На ова, според порталот, сватовите гласно извикале: „Даааа!“. - Вакви нешта се случуваат, а ние ќе продолжиме да се забавуваме, изјавил еден од сватовите и продолжил со орото.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
