Младен и Јелена очекувале близнаци, но на свет дојде Ленка и ги шокираше сите
Ленка Миљачиќ од Нова Пазова стана шампионка веднаш по доаѓањето на свет зошто се роди со должина од дури 65 сантиментри, и е заведена како една од најдолги бебиња родени воопшто во Србија.
Младен Мијиќ (38) гордиот татко, вели дека тој и сопругата Јелена (29) очекувале близнаци зошто стомакот на мајката во текот на бременсота бил огромен. Се изненадиле кога лекарот им соопштил дека во стомакот има само едно бебе кое се роди на 29 август во Земун.
- Ниту сипругата ниту јас сме премногу високи, јас 188 см, а Јелена 183. Јас имам две сестри близначки, мојата сопруга е близначка, па се надевавме дека и ние ќе добиеме близнаци, но не изненади Ленка. Пријателите не веруваа кога им рековме колку долга се роди, не убедуваа дека погрешно сме слушнале, веројатно 56, а не 65. Јас работам во Итната помош и кога и реков на една докторка колку е долго бебето, ни таа не веруваше па и ја покажав отпусната листа. Дури и за лекарите е тоа куриозитет, вели Младен.
Месец дена по раѓањето Ленка напредува и сега е порасната до 67 сантимери и има 6 килограми.
Ново на Сител
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
-
Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
-
Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
-
Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките
-
Млади битолчани фатени при купопродажба на дрога
-
Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен
-
Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче