Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје-Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје-Барселона, истакнале на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, соопшти Министерството за транспорт.
Двете авиолинии, информирал вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови перспективи меѓу двете земји и за двата народи.
На средбата, исто така биле разменети и мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, притоа вицепремиерот Николоски истакнал дека Македонија е влезена во инвестициски циклус во развој на патната и железничка мрежа со посебен акцент на коридорите кои треба да го придвижат регионалниот економски развој.
На средбата биле потенцирани и можностите за инвестирање во земјава, преку реализација на инвестиции во сектори од заеднички интерес.
На крајот од средбата двајцата соговорници се согласиле дека соработката меѓу двете земји е на добро ниво и дека истата дополнително може да се зацврстува особено во делот на економијата.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
