Млада Украинка пронајдена мртва на автопат во Косово
Косовската полиција соопшти дека синоќа на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува косовската престолница со границата со Северна Македонија кај Генерал Јанковиќ, е пронајдено безживотното тело на млада жена, странска државјанка, јави дописникот на МИА од Приштина.
Порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека станува збор за украинска државјанка на 23-годишна возраст, чие име ѝ е познато на редакцијата, но истото не го објави, согласно законските одредби кои ги регулираат таквите случаи.
Според синоќешното соопштение на косовското МВР, полициско патролно возило на автопатот, на 24-тиот километар од Приштина во правец на Урошевац, околу 20 часот го забележала безживотното тело на едно лице на лентата за принудно запирање на возилата.
Полицијата ја повикала итната медицинска служба, а дежурниот лекар констатирал дека женското лице, странска сржавјанка, е без знаци на живот.
На местото на настанот излегле и надлежни истражни единици, како и обвинител, по чиј налог безживотното тело е однесено за обдукција во приштинскиот Институт за судска медицина.
Ново на Сител
-
Јапонец осуден на две години затвор за кражба на 200 кг млад кромид
-
Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога
-
Кривична пријава против управителот и правното лице Балкан Марбле Индустриес за „даночно затајување“
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“
-
Украина истрела 84 дронови и 13 ракети врз руската област Ростов
-
Скопје втор најзагаден град во Европа и деветти во светот