Млада Македонка му го растури бракот на Маринко Роквиќ

Маринко Роквиќ од неодама и официјално е слободен човек. Неговиот 30-годишен брак со Славица и официјално е разведен.
Иако, пејачот се обидел да се смири со сопругата, таа не сакала да му ја прости измамата со помлада жена од Македонија. Славица пред неколку месеци ја напуштила нивната куќа на Кошутњак и се преселила кај сестрата Сузана, велат извори блиски со семејството.
Криел дека го оставила жената
Маринко не сакал да признае дека жената го напуштила за да не избие скандал во медиумие, иако се обидел да ја врати Славица дома. Тој и сега кога се судски разведени, верува дека еден ден ќе се смират. Таа за сега за тоа не размислува зошто е повредена од неговата авантура со помлада девојка. На тоа не може да затвори очи вели изворот.
Коректни односи
-Славица е разумна жена и не го напушти мажот поради кавга. Тие се во коректни односи, посебно поради синовите Никола и Марко и нивните деца. Двајцата им се посветени на внуката и внукот и често одат кај нив.Заедно беа на промоцијата на Никола во Домот на незгрижени деца, вели изворот.
Маринко не сакаше да даде коментар за медиумите.
Ново на Сител
-

Паника на Волстрит: Остриот пад на акциите избриша милијарди долари од пазарот
-

Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
-

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10
-

„Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ ја тужат Калифорнија: Не сакаат ограничувања за деца под 16 години
-

Во Владата панел дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 - напредок и реформи“
-

Путин, Трамп и Украина: Се подготвува договор што може да ја опфати цела Европа
-

Шпанија ѝ доделува нова воена помош на Украина во вредност од 437 милиони евра
-

Масакр во Турција: Осум лица убиени, убиецот е во бегство
