Млада девојка 15 години е во инвалидска количка: Моника ја покосија на пешачки премин, возачот ослободен

Моника Додева е девојчето кое веќе 15 години е во инвалидска количка, по заслуга на алкохол, голема брзина и црвено светло. И не по нејзина вина, туку по вина на човекот во другото возило, кој бил во алкохолизирана состојба и кој по несреќата не чувствувал вина за стореното.
Иако свесен за направеното, не се ни потрудил да се извини или пак да помогне околу лекувањето. Не добил никаква затворска, ниту пак парична казна.
Екипата на Ја сакам Македонија разговараше токму со Моника. Таа ја сподели својата приказна, пречките со кој се соочувала и кажа како едно девојче од 6 години се соочува со фактот дека повеќе не може да оди и дека ќе биде во инвалидска количка. Нејзиниот пат до денес не бил лесен. Со насмевка на лицето, позитивна енергија и со волја за живот, иако останала инвалид, сепак е среќна што е жива.
Свесна за тоа дека е предизвик за дете да растево инвалидска количка во Македонија, Моника била подготвена на секакви пречки и коментари од страна на луѓето.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
