Млад жител од Љуботен осомничен за избегнување да плати акциза за тутун

Осомничениот 20-годишен жител на Љуботен, со намера да избегне целосно плаќање на акцизата на која е обврзан со Законот за акцизи, на 01.07.2019 година од непознато лице набавил акцизни тутунски добра без контролни маркици. Со намера да го продава тутунот на зелениот пазар Бит Пазар, го натоварил во патничко моторно возило Фолксваген голф. При обидот да го превезе тутунот, осомничениот бил сопрен од страна на полициски службеници. При контрола на возилото биле пронајдени 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA” и 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE TOBACCO VIRGINIA” или вкупно 120 килограми фино сецкан тутун. За овие тутунски добра осомничениот избегнал и не платил акциза во вкупен износ од 162.000 денари.
Заради обезбедување на осомничениот во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.
Ново на Сител
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
-

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии
-

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот кај Палиград и Китка
-

УХМР: Утре попладне локално невреме со пороен дожд
-

Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
-

Зеленски: Одржувањето избори за време на војна би било огромен ризик за Украина
-

Приведен странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
