Млад фламански политичар се самоуби поради националистичка карикатура

Младиот белгиски политичар и поранешен потпретседател на младинската организација на најголемата фламанска сепаратистичка партија, Нова фламнска алијанса (Н-ВА), Дилан Вандерсникт, изврши самоубиство по критиките ма кои беше изложен откако објави националистичка карикатура на Фејсбук.
Како што јавија денеска белгиските медиуми, Вандерсникт (24) бил пронајден мртов завчера, а полицијата соопшти дека причина за смртта било самоубиство.
Во мај годинава Вандерсникт беше исклучен од Н-ВА и принуден да се извини затоа што на Фејсбук објави националистичка карикатура.
Карикатурата претставувала лик облечен како Арап како силува русокоса Белгијка, со паролата „добредојдовте бегалци". Карикатурата тој ја презел од американски националистички интернет страници, инспирирани од кампањата на жабата Пепе, која стана симбол на американските националисти.
Ликот на Пепе беше користен за време на предизборната кампања во САД, честопати како дел од слични карикатури на кои се предупредува на опасноста од отворањето на границите на САД и Европа за мигранти. Се претпоставува дека јавните критики со кои се соочи по објавувањето на карикатурата. го довеле Вандерсникт до самоубиството.
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
