Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Поддршка за „Тетекс“ и „Љуботен“
Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф денес испрати соопштение до јавноста изразувајќи подршка на ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен поради тоа што не им е дозволено користење на двата градски фудбалски стадиони во Тетово, а ексклузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија
„Почитувана јавност,
Примајќи ја грижата на својот верен народ и истакнувајќи ја својата посветеност за мир, соработка и соживот, Н. В. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како надлежен владика на Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на македонските фудбалски клубови „Љуботен“ и „Тетекс“, кои се вистинско и маркантно обележје на македонскиот спорт и долгогодишна спортска традиција.
Митрополитот ги повикува Општина Тетово, властите и одговорните со зголемено внимание да постапуваат во насока на овозможување на соодветен престор за делување и развој на сите луѓе, групи, клубови и организации, без разлика на нивната национална припадност.
Секој човек има права и слободи, а секој заслужува рамноправен третман!
Демократијата не завршува кога ги остварувате Вашите права, а почнува онаму каде започнува Вашиот интерес и за правата на другиот.
Со благослов,
Тетовско-гостиварска епархија на МПЦ-ОА“, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари
-
Татко ја пријавил за исчезната малолетната ќерка, таа се јавила од Косово
-
Криминалци со пиштоли влегле во фирма за брзи кредити и украле 5000 евра
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
-
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина