Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар

За два месеца и најдоцна до крајот на септември ќе биде воведено зонско паркирање во населбата Ново Лисиче и во Реонски центар. Градоначалникот на Аеродром Дејан Митевски рече дека Општината е во координација со ЈП Градски паркинг Скопје, кое го управува зонското паркирање во главниот град, и дека за проектот чека одобрение од Град Скопје и МВР.
- Општината изготви проект и чека одобрување од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи, веќе сме во координација со ЈП Градски паркинг, спремни се веднаш да почнат со бележење и поставување информативни табли. Очекувам дека во наредниот месец до два, најдоцна до крајот на септември, да отпочне да функционира зонско паркирање во Ново Лисиче и во Реонски центар, изјави Митевски одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по повод изградба на мултифункционален центар во Ново Лисиче.
Митевски соопшти и дека е почната реализацијата на осум од деветте проекти кои беа одобрени за финансирање во општина Аеродром на првиот повик од поддршката на Владата за инфраструктурни проекти што се спроведува преку Министерството за локална самоуправа.
Како што рече, почната е реконструкција на улиците „Милан Зечар“ и „Анастас Митрев“, завршен е проектот за реконструкција на тротоари на ул. „23 Октомври“.
- Проекти во фаза на реализација се нов сквер зад ТЦ Капитол, нови плочници на повеќе локации во Аеродром, реконструкција на водоводна мрежа во Долно Лисиче, реконструкција на повеќе улици во населба Лисиче. Тоа се од средствата што ги добивме од првиот повик, останува да отпочне со реализација уште еден проект – доградба на мост помеѓу Горно и Долно Лисиче, за кој чекаме одобрение за сообраќајно решение од Град Скопје, информираше Митевски.
За проектите одобрени со вториот повик, Општината е во фаза на потпишување договори по што, рече, веднаш ќе почнат со реализација.
- Имајќи предвид дека за сите веќе имаме издадено одобрение за градење и готови проекти, не очекуваме некои пречки, додаде градоначалникот на Општина Аеродром.
МИА
Ново на Сител
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
